Исклучување од котација на акциите издадени од Агрокуманово

21

agrokumanovo-580x249

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 20.07.2017 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Агрокуманово АД Куманово, заради преобразба на друштвото во Друштво со ограничена одговорност.

Акциите издадени од Агрокуманово АД Куманово ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 21.07.2017 година (петок).