Исланд ги прекина преговорите за влез во ЕУ

35

Stefan Fule on the right, Bragi SveinssonНовата исландска влада ги прекина преговорите со ЕУ и се откажа од влегувањето во Унијата, пишува euobserver.com.

Исланд официјално се откажува од Европската унија, изјави министерот за надворешни работи Гунар Браги Свенсон пред Европската комисија при неговото прво патување во Брисел. Тој додаде дека двете партии кои ја сочинуваат новата влада биле за откажување од преговорите со ЕУ, а граѓаните ги поддржале на изборите.

“Вака функционира демократија”, изјави Свенсон и додаде дека Исланд е дел од Европа и дека сакаат да ја зајакнат соработката на друг начин.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека не му е лесно да ја прифати одлуката на Исланд, дека ја чувствува како личен удар, но ќе ја почитува одлуката на граѓаните. Лично тој верува дека преговорите со Исланд треба да продолжат.

Исланд преговорите ги започна во 2010 година и досега има затворено околу една третина од 33 преговарачки поглавја. Најчувствително поглавје во преговорите беше рибарството, кое е главна стопанска гранка во оваа земја, покрај туризмот и финансиите.