Исплатени 144,4 милиони денари субвенции на земјоделците

43

poljoprivrednik_ratar_u_traktoru-419x272Министерството за финансии денеска исплати вкупно 144,4 милиони денари субвенции на 10.681 земјоделец за поддршка на сточарството, лозарството, производство на градинарски култури, на житни култури и производство на тутун и премии за помош за осигурување.

Од овие средства 54,9 милиони денари се исплатени на 331 сточар за одгледување овци и 24,9 милиони денари на 1.119 сточари за одгледување кози. Исплатени се и 28,6 милиони денари на 1.998 земјоделци за производство на градинарски култури.

На 6.577 лица исплатени им се 12,5 милиони денари за одгледување ориз, сончоглед и фуражни култури.

На 242 кооперанти на комбинатот Далија табак денес им беа исплатени 10,5 милиони денари за производство и продажба на тутун, со што е извршена исплатата на реколтата 2012.  За финансиска поддршка за одржување лозови насади се исплатени 7,3 милиони денари на 83 лозари. Исплатени се и 5,5 милиони денари за премии за помош за осигурување.

“Преку редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделството Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат доследни на поддршката за една од носечките гранки во македонската економија”, соопштија од Министерството за финансии.