Исплатени 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарите

68

4Министерството за финансии на Република Македонија денес исплати 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарството.

Од ресорното министерството велат дека средствата ќе им бидат префрлени на 12.403 сточари за одгледување говеда и овци.

Исплатени се 196,1 милион денари на 10.693 сточари за одгледување говеда и тоа 2.800 денари по грло говедо и 259,2 милиони денари на 1.710 лица за одгледување овци, односно по 1.000 денари по грло и дополнителни 700 денари за секое оставено женско јагне.

“Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството, како една од носечките економски гранки, преку редовна исплата на субвенциите”, се вели во сооштението на Министерството за финансии.