Исплатени над 100 милиони денари субвенции на 4.583 земјоделци

11

Министерството за финансии во исплати 100,7 милиони денари (1,63 милиони евра) на 4.583 земјоделци по основ субвенции за обележани грла говеда и обработена површина за градинарско производство.

За обележани грла говеда на 2.726 земјоделци денеска им се исплатени 60,4 милиони денари. Мерката изнесува 2.800 денари по обележано грло говедо.

На 2.127 земјоделци за обработена површина за градинарско производство на отворено и под пластеници им се исплатени 40,3 милиони денари. Мерката изнесува 20.000 до 30.000 денари по хектар обработена површина, во зависност од културата која се одгледува.

“Финансиската поддршка на земјоделството придонесува за зголемување на земјоделското производство и подобрување на неговиот квалитет, а со тоа и подобри резултати на една од носечките стопански гранки во земјава“, стои во соопштението.