Испораките на гас од Русија во ЕУ во јули беа највисоки од август минатата година

68

Испораките на гас од Русија во ЕУ во јули беа највисоки од август 2022 година, според извештајот на Форумот за земји извознички на гас со седиште во Доха (ГЕЦФ).

Во документот се наведува дека уделот на Русија во извозот на гас во ЕУ од почетокот на годината достигна 16 отсто, пренесува Комерсант.

„Во јули 2023 година ЕУ го зголеми увозот на гас за 16 отсто во однос на претходниот месец, на 13,5 милијарди кубни метри, а забележан е и пораст на испораките од Норвешка, Русија и Алжир“, се наведува во документот.

Русија ја намали испораката на гас за Европа по избувнувањето на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, прекинувајќи го извозот преку гасоводите Јамал-Европа и Северен тек. Гаспром сега ја снабдува Европа со гас преку точката Суја во Украина и преку Турски тек.