Фото: Pexels
Во Хрватска, каматите во однос на земјите од еврозоната се речиси двојно повисоки. Сепак, Хрватите тековнава година имаат најниски камати за станбени кредити во последните десетина години, објави 24sata.hr.
Во Хрватска станбен кредит од 100.000 евра со отплата на 30 години, чини 38.000 евра повеќе во однос на земјите од еврозоната. Хрватите на банката ќе вратат 40.000 евра повеќе, отколку Словак или 42.000 евра повеќе од некој што подигнал кредит во Франција. Споредбената математика е направена со помош на www.kreditni-kalkulator.hr.
Сето ова е резултат на каматната стапка којашто во Хрватска во однос на посочените земји е повисока за 2%.Номиналната каматна стапка на домашната валута во Хрватска изнесува 3,9%, а во земjите од еврозоната 1,9%.
Сепак, годинава во Хрватска каматите се најниски во споредба со изминатите години. На пример, просечните камати на станбените кредити во 2012 година изнесувале 5,7%, пред една година биле 4,6%, а годинава каматите во просек се 3,9%.