Истекува рокот за воведување фискални со ГПРС

22

kasa

Сите фирми кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, до денеска имаат рок да инсталираат фискален апарат со ГПРС, пишува Миа.

Последните податоци покажуваат дека над 38.000 успешно се регистрирани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.

По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци – поединци), до 3.250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење дејност во објектот од 30 дена.