Историска инвестиција вредна трилион долари

95

Американскиот Конгрес го одобри усвојувањето на инфраструктурен пакет вреден трилион долари, а претседателот Џо Бајден го поздрави потегот, велејќи дека тоа е голем чекор за нацијата бидејќи се носи „еднаш во генерација“.

Пакетот опфаќа автопатишта, широкопојасен интернет и други подобрувања на инфраструктурата.

Предлог-законот за средства за инфраструктурни проекти сега е во рацете на претседателот Бајден, кој со негов потпис ќе го претвори во закон. Бајден рече дека „наскоро“ ќе го потпише законот на свечена церемонија на која акцент ќе биде ставен на сите луѓе кои работеле на него, демократите и републиканците.

Донесувањето на инфраструктурниот план е историска инвестиција, како изградбата на автопатишта во минатиот век или трансконтиненталната железница еден век порано, смета претседателот.

Администрацијата на Бајден сега ќе го надгледува најголемото подобрување на американските патишта, железници и друга транспортна инфраструктура во една генерација, што треба да создаде нови работни места и да ја зголеми конкурентноста на САД.

Демократите имаат уште работа за вториот дел од домашната програма на Бајден: големото проширување на мрежата за социјално осигурување и програмите кои се борат против климатските промени, пренесуваат агенциите.