Истрагата против Георгиева можеби ги прекрши правилата на Светска банка

40

Адвокатите кои ја водат истрагата против директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева за наводно лажирање податоци за списокот “Дуинг бизнис“ на Светска банка (СБ), во време кога таа била извршен директор во финансиската институција, ги прекршлиле правилата, рече нејзиниот адвокат.

Имено, тие го прекршиле правилникот за вработените во СБ бидејќи не ја известиле дека е предмет на истрага и не и дозволиле да одговори на наодите од нивната истрага, изјави адвокатот на Георгиева, пренесува Ројтерс.

Во писмо до Извршниот одбор на ММФ, адвокатот Лени Бруер, од адвокатската фирма на Ковингтон и Бурлинг, побара од директорот на фондот да ги земе предвид “основните процедурални и суштински пропусти“ во истражниот извештај на адвокатската фирма Вилмер Хејл.