Од земјите во регионот, најмногу интернет минатата година користеле Словенците, покажуваат резултатите на Институтот за истражување на пазарот и медиуми Медиана. Скоро четворица од пет Словенци користеле интернет минатата година. Потоа следуваат две третини Хрвати, додека Македонија и Србија се на 63%, пишува бизнис.хр.
Интернетот слично се користи во овие држави. Во Хрватска и Словенија првенствено се употребува за следење на дневни вести, потоа за употреба на електронска пошта и на трето место е следење на временската прогноза. Во Македонија и Србија следењето дневни вести исто така е на прво место, но на второ е пристапот до социјалните мрежи, па дури потоа електронската пошта.
Во сите држави најмногу се следат интернет страните на дневните весници, а потоа за слушање радио и гледање телевизија.