Истражување на Брима: Македонски Телеком оператор на најдобрата мрежа

23

telekom

Голем дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања, покажуваат резултатите добиени од истражувањето на агенцијата Брима – Аспекти и генерална перцепција на телекомуникациските оператори, спроведено во октомври оваа година и ги опфаќаат и фиксната и мобилната мрежа, стои во соопштението.

Корисниците, според истражувањето, сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.

“Ова признание ни е посебно драго затоа што доаѓа од корисниците и е резултат на постојаните инвестиции во мрежата и во новите технологии. Планираме и понатаму да продолжиме со инвестиции, кои не само што ќе овозможат најдобри и најиновативни услуги, туку и ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството“, истакна Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Уште еден доказ за квалитетот на мрежата, како што се наведува, се и резултатите од тестирањето на компанијата P3 Communications, којашто на Македонски Телеком му додели P3 Best in Test сертификат, што е меѓународно признат доказ за квалитетот на мобилната мрежа. Независното истражување, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати  за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат постигнат во Македонија, со 901 од 1.000 можни поени. P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.