Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 104.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,7 %), Транспорт и складирање (10,3 %) и Градежништво (5,4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (11,3 %), Рударство и вадење на камен (6,1 %) и Градежништво (2,8 %).
Најголеми плати биле исплатени во секторите Информации и комуникации, Финансиски дејности и дејности на осигурување и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде просечната плата достигнува над 44.000 денари.
Од друга страна пак најмалку платени се вработените во секторите Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, Администритивни и помошни услужни дејности како и во секторот Земјоделство шумарство и рибарство, каде просечната јунска плата е помалку од 18.000 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесува 25.205 денари, додека просечната бруто-плата била 37.440 денари.
Фото:Pixabay