ИТ услуги на TimoCom за сите компании во транспортната дејност

116
1
Тина Панџа, регионален менаџер за Југоисточна Европа, TimoCom Soft und Hardware

TimoCom е многу добро позициониран во земјите од поранешна Југославија, а во Македонија има уште многу потенцијал, иако поголемиот дел од меѓународно активните фирми се веќе регистрирани кај нас. Сепак, сакаме да се обратиме и до малите фирми, бидејќи и за нив има прекрасни услови и можности да ги оптимизираат своите деловни процеси“, вели Тина Панџа, регионален менаџер за Југоисточна Европа во TimoCom Soft und Hardware, компанија која веќе 20 години нуди ИТ услуги за сите кои се вклучени во транспортната дејност.

БИ: Кажете ни нешто повеќе за компанијата TimoCom? Какви услуги нуди?

Кога би требало производните услуги на TimoCom воопштено да ги сублимираме во една реченица, тогаш таа би била: Спојуваме утовари и утоварен простор. TimoCom веќе 20 години нуди ИТ услуги за сите кои се вклучени во транспортната дејност. Нудиме онлајн транспортна берза, која функционира како виртуелен пазар. Тоа значи, ако имам нешто да се транспортира, а немам камион, тука наоѓам соодветно слободно возило и може да го дадам мојот транспортен налог на проверен превозник. Истото важи и за соодветен повратен утовар. Значи не мора да се грижам што ќе се случи кога ќе го истоварам мојот камион.

По овој принцип, на нашата берза на утовари и утоварен простор TC Truck&Cargo® дневно се нудат и до 450.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор од во моментов повеќе од 100.000 корисници од цела Европа.

Но ова не е единственото ИТ решение што го нудиме. Во нашето портфолио вклучени се и TC eBid®, онлајн платформа за транспортни тендери, TC eMap®, решение за пресметка на релации и трошоци со интегрирана функција за следење на возила, како и берза на складишта и складишен простор. Секако, сите наши платформи се и мобилно достапни преку нашата апликација Транспортен барометар.

2

БИ: Каква апликација е Транспотен барометар?

Преку апликацијата Транспортен барометар се добива мобилен пристап до сите активирани TimoCom производи. Ова особено е од предност за сите кои и самите возат. Со ова практично својата канцеларија секогаш ја носите со себе и можете и на пат преку мобилен пристап да барате утовари или да нудите утоварен простор. Притоа мобилниот пристап е исто толку безбеден како и кај десктоп компјутер. Веќе има повеќе од 4.200 „мобилни фанови“ кои преку апликацијата редовно се логираат на берзата.

Самиот транспортен барометар ја претставува актуелната понуда на утовари и капацитетите на утоварниот простор на европскиот транспортен пазар. Податоците се извлекуваат дирекно од европскиот лидер на пазарот на берзи на утовари и утоварен простор. Секојдневно во TC Truck&Cargo® објавените и до 450.000 понуди на утовари и утоварен простор од преку 100.000 корисници се вреднуваат и безмалку во реално време се визуелизираат за во транспортниот барометар.  Со тоа диспонентите од канцеларија можат да проценат каква е состојбата со утовари и утоварен простор во другите земји, а со тоа подобро да реагираат на промените на цените. Благодарејќи на релевантноста, транспортниот барометар е силен инструмент за одредување на пазарната цена.

БИ: Што е берза на товарот?

Транспортни берзи се корисно средство со кое се избегнуваат празни возења.

Тоа се платформи на кои од страна на корисниците се внесуваат и нудат утовари или утоварен простор. Со тоа тука се спојуваат утоварите со утоварниот простор т.е налогодавачот со налогоземачот.

Со помош на оваа платформа, корисниците можат во рок од неколку секунди да пронајдат понуди за утовари или да ги внесат во системот своите празни возила. Покрај подоброто искористување на капацитетите, корисниците на овој начин добиваат подобар преглед на пазарот, како и голем број на потенцијални нови деловни партнери на национално и интернационално ниво.

Како заклучок може да се истакне следното: Денес, секој кој сака да ги избегне празните возења, да заштеди на трошоци и ресурси, не може да ги одмине транспортните берзи. Битните критериуми при изборот на една транспортна берза се бројот на понуди, безбедносниот систем, интернационалноста и дополнителните услуги како на пример платформа за следење на возила независно од понудувачот, сеопфатни и одржувани профили на фирмите, корисни додатоци, поддршка на мајчин јазик. Со тоа TimoCom нуди целосен пакет. Освен тоа, редовно така ги оптимираме програмите да се соодветни со желбите и потребите на клиентите.

3

БИ: Каква платформа е TC eBid?

Платформата за тендери TC eBid® е идеална онлајн алатка за производни и трговски фирми за доделување долгорочни транспортни налози. Тоа може да бидат фирми од сите можни бранши, од производители на ќерамиди до текстилната индустрија. Бидејќи сè што се произведува, мора и да се транспортира. За ова мора да се најдат и соодветни транспортери. Порано тоа беше мачен и малку економски процес: Се испраќаа ексел-табели, се чекаше на понуди, многу телефонирања, многу изгубено време и без вистински преглед за цените на пазарот се одбираше можеби и не најидеалниот партнер. Сега со TC eBid® тоа е јасно поефикасно и пред сè современо: Тука, целиот процес на наддавање се случува само во три чекори. Покрај тоа, корисникот преку само eдна објава доаѓа и до 33.000 проверени транспортери од цела Европа. На овој начин значително се намалуваат трошоците и времето, а коефициентот на добивка е соодветно голем поради големиот избор на транспортери.

БИ: Нудите наплата на долгови. На кој начин функционира овој механизам?

Нашата услуга за наплата на долгови TimoCom CashCare постои уште од 2003 година. Тука адвокатот Александар Оебел и неговиот тим им се на располагање на сите клиенти на TimoCom за вонсудска наплата на отворените побарувања – и на пример во 2014 успеаја во 89% од случаите да ги наплатат побарувањата на доверителите.

Постојат јасни процедурални правила: Откако ќе поминат 30 дена по доспевањето на фактурата, а должникот безуспешно е опоменат, TimoCom го презема случајот на наплата на долгови со официјална службена дозвола. Сето ова се одвива вонсудски. За да се стапи во акција, оштетениот мора да го исполни формуларот за наплата на долгови, како и да ги испрати до TimoCom сите транспортни документи релевантни за случајот. Корисниците може да го најдат формуларот на TimoCom веб страната во рубриката безбедност или ако во полето за пребарување се внесе „Inkasso“. Понатаму, потребни ни се копии од фактурата за извршената транспортна услуга, потврда за испорака, како и испратени опомени. Битно е да се напомене дека TimoCom обработува само случаи каде нема спорови.

4

БИ: Во кои земји од регионот сте присутни? Како ќе го оцените овој регионален пазар во браншата во која работите, во споредба со пазарите во ЕУ?

Во земјите од поранешната Југославија TimoCom е многу добро позициониран. Особено во Македонија има уште многу потенцијал, иако поголемиот дел од меѓународно активните фирми се веќе регистрирани кај TimoCom. Сепак, сакаме да се обратиме и до малите фирми, бидејќи и за нив има прекрасни услови и можности да ги оптимизираат своите деловни процеси. На пример, за оваа цел тесно соработуваме со здружението на транспортерите МАКАМТРАНС.