Италија ги отвора границите со надеж дека ќе го спаси туризмот

38

Италија денеска ги отвора своите граници за европските туристи еден месец откако постепено започна со олеснување на рестриктивните мерки и се надева дека ќе ја спаси туристичката индустрија, една од клучните сектори во земјата погодена од пандемијата на коронавирус.

Гондолите повторно ќе започнат со пловење низ венецијанските канали, а од понеделник и римскиот Колосеум и музеите на Ватикан повторно ќе примаат посетители. Но, хотелиерите и угостителите сè уште стравуваат дека Италија нема да биде првиот избор за туристите оваа година, бидејќи земјата е една од најпогодените од пандемијата на коронавирус во Европа, со повеќе од 33.500 смртни случаи.

Рестораните и кафулињата полека почнаа да се отвораат во последните две недели, но само 40 од 1.200 хотели во Рим започнаа да примаат гости, објави во понеделникот весникот Corriere della Sera. Само десетина хотели се отвориле во Милано, а нивните сопственици велат дека е премногу скапо да ги отворите ако останат празни.

Од полноќ се укинати и ограничувањата за патување внатре во земјата, па така повеќе од 60 милиони жители на Италија ќе можат слободно да се движат низ различни региони. Но останува забраната за големи собири и обврската за носење маски во затворен простор и во јавниот превоз.

Оние што ќе влезат во Италија од денеска нема да мора да поминат во две недели изолација.

Фото: Pixabay