Италија ќе собира пари со продажба на уделите во јавните претпријатија

26

eniИталија ќе ги продава уделите во јавните претпријатија, вклучувајќи ја и нафтената компанија Eni, за да собере до 12 милијарди евра и да го намали јавниот долг, изјави вчера премиерот Енрико Лета.

Владата планира да ги продава уделите во STMicroelectronics, Fincantieri, Grandi Stazioni, Enav, Sace SpA, како и 3% во Eni, но државата ќе задржи удел нешто поголем од 30%, јавува Блумберг.

Половина од собраните пари ќе бидат искористени за намалување на долгот. Италијанскиот јавен долг изнесува околу 133% БДП и е втор најголем во еврозоната по грчкиот.