Италија одвојува нови пет милијарди евра помош за економијата

27

Италијанските власти одобрија нов пакет помош за компаниите што се погодени од најновите рестриктивни мерки во борба со пандемијата, само неколку часа откако е регистриран нов дневен лош рекорд на заболени и смртни случаи, пренесува Ројтерс.

Преку различни облици на помош, италијанската економија ќе добие поддршка од 5,4 милијарди евра.

Претходно, италијанското Министерство за здравје објави дека според последните податоци, регистрирани се 21.994 нови случаи на заразени, а починати се 221 лица, што се случува првпат од средината на мај.

Фото: Freepik