Италија: Поголем пад на БДП од почетната проценка

35

Италијанската економија во вториот квартал забележа поголем пад од првичната проценка, покажа извештајот на тамошниот завод за статистика, а тоа се должи на тешките економски последици од пандемијата на коронавирусот.

Италијанската економија падна за 12,8% од април до јуни во однос на претходните три месеци.

Во средината на март, заводот за статистика прелиминарно процени дека БДП ќе се намали за 12,4% од април до јуни.

Извозот и увозот се намалија најмногу на квартална основа, со 26,4, односно 20,5%. Потрошувачката на компаниите, исто така, падна нагло за 14,9%, додека финалната потрошувачка на домаќинства се намали “само” за 8,7%.

Фото: Freepik