Италија сака да го прекине увозот на руски гас до средината на 2024 година

14

Италија сака да ја прекине зависноста од рускиот гас до средината на 2024 година, изјави италијанскиот министер за транзиција во животната средина Роберто Чинголани.

„Треба да бидеме автономни до средината на 2024 година, ќе можеме без увоз на руски гас“, рече Чинголани во интервју за „Ла Република“, кое беше објавено денеска.

Запрашан за предложениот механизам за плаќање во рубљи за рускиот гас, италијанскиот министер за транзиција во животната средина рече дека Европската комисија треба да донесе „јасна и недвосмислена“ политичка одлука за да се избегне префрлање на одговорноста на одредени влади и компании за гас и нафта, наведува Ројтерс.