Италија со пад на БДП од 8,3%

27

Се очекува италијанската економија оваа година да падне за 8,3% и само делумно ќе закрепне во 2021 година, објави италијанската агенција за статистика Istat.

Прогнозите покажуваат пад на бруто домашниот производ (БДП) од 8,3% во 2020 година, по што се очекува закрепнување од 4,6%.

Агенцијата соопшти дека вработеноста во досегашниот дел од годинава паднала за 9,3% и очекува закрепнување од 4,1% во 2021 година.

Централната банка на Италија претстави проценка во којашто предвидува намалување на БДП за 9,2% во 2020 година и закрепнување следната година под основното сценарио од 4,8%.

Во потешкото сценарио, италијанската економија во 2020 година ќе се намали за 13,1%, a во 2021 година ќе порасне за 3,5%.

Фото: Pixabay