Италија треба да го “заборави“ ова лето

34

Италија беше една од најпогодените земји во Европа кога се работи за број на заразени и смртни случаи од коронавирусот. Тоа ја парализираше целата земја, сите економски и општествени текови. Имајќи предвид дека Италија е прилично зависна од туризмот, оваа летна сезона би требало да се “заборави“ поради големиот пад.

Здружението на туристички работници на Италија излезе со податоци коишто покажуваат дека во земјата е намален бројот на ноќевања за 65 милиони во однос на минатата година.

Бројот на домашни туристи кои оваа година летуваа во својата земја се зголеми за 1,1%, но кај странските гости има значаен пад од 65,9%.

“Благото закрепнување на италијанскиот туризам во август не е доволно да се спаси летната сезона, што треба да се заборави“, велат од Здружението.

Во текот на периодот јуни – август во сместувачките објекти во Италија имало 148,5 милиони ноќевања или над 65 милиони помалку одошто во 2019 година или 30,4%.

Туризмот во италијанскиот бруто домашен производ има удел од околу 13%.