Германскиот производител на автомобилски седишта Recaro Automotive доби нов сопственик, италијанската групација Proma, а нејзините погони во родната Германија ќе бидат затворени и производството ќе се пресели во областа Торино, изјави портпаролката.
Во моментов на германската локација работат 215 вработени, а само мал број ќе останат, додаде портпаролката на компанијата со седиште во јужна Германија.
Италијанскиот инвеститор Прома Груп е снабдувач на автомобилската индустрија специјализирана за производство на конструкции на седишта, склопови на каросерија и шасија на возилото, со обрт од приближно 1,1 милијарди евра.
Промената на сопственикот значи отпуштања
Портпаролот на стечајниот управник го потврди преземањето на германската компанија и додаде дека договорот е веќе потпишан.
Италијанската групација има намера да задржи неколку вработени од секторите за продажба и инженеринг на Recar.
Промената на сопственикот ќе значи дека повеќе од 170 работници ќе останат без работа, нагласи Алесандро Либ од синдикатот на работниците од металната индустрија ИГ Метал.
Речиси 50 милиони евра изнесуваше прометот на Рекаро Аутомотив во изминатиот период. Компанијата правеше седишта за спортски автомобили со децении, а поднесе барање за стечај откако изгуби голема нарачка.
Фото: Pixabay