Италијанците се плашат од непријателски преземања кои може да го искористат колапсот

108

Италија планира да прошири посебни овластувања за заштита на стратешките компании од несакани странски интереси, изјави претставник на италијанската влада, додавајќи дека мерките би важеле и за инвеститорите од другите земји на ЕУ.

Планот ја отсликува загриженоста на италијанската владејачка коалиција дека странските инвеститори би можеле да ја искористат предноста од сегашниот колапс на цените на акциите, поради кризата со коронавирусот, за купување компании од стратешко значење за земјата.

Потпретседателот на владата, Рикардо Фракаро рече дека Рим ќе ги прошири овластувањата за надзор над целиот банкарски и осигурителен сектор, како и во здравствениот и прехранбениот сектор. Предлог-законот наскоро ќе биде предложен на италијанската влада, додаде тој.

“Прописите ќе се применуваат и за трансакциите во рамките на ЕУ“, истакна Фракаро.

Благодарение на новите овластувања, владата ќе може да ги блокира обидите на актерите од ЕУ или оние кои не се членки на ЕУ да купат удели во стратешки важни компании.

Од 23 февруари, кога Италија го воведе првиот сет на мерки за борба против пандемијата, индексот на берзата во Милано падна скоро 35%.

“Јасно е дека, во ова време, потребно е да се стават под државна заштита компаниите кои се важни за развојот на земјата. Нашиот приоритет е да го заштитиме националниот интерес од која било шпекулативна цел“, рече Фракаро.

Постојните закони за таканаречените “златни залихи“ и даваат на владата право на вето за зголемување на сопственички удели на неевропските играчи во стратешките компании во секторите енергетика, телекомуникации и воена опрема, како и во клучната финансиска инфраструктура, вклучително и Миланската берза и платежниот систем.

Фракаро рече дека според новиот предлог-закон, владата, исто така, ќе може да интервенира по своја иницијатива без да чекаат официјални известувања од вклучените компании.

Фото: Pixabay