Италијанска Intesa купи еден милион евра во биткоин

Најголемата италијанска банка Intesa Sanpaolo во понеделникот ја заврши својата прва комерцијална трговија со биткоин, инвестирајќи еден милион евра (1,03 милиони долари) во најголемата дигитална валута во светот, покажа интерен меморандум.

Intesa основаше комерцијален шалтер за тргување со дигитални средства во 2023 година и започна со самото тргување со криптовалути минатата година.

„Од денес, 13 јануари 2025 година, Intesa Sanpaolo поседува 11 биткоини“, се вели во интерната порака прегледана од Ројтерс. Ова тргување на Intesa првпат го објави италијанскиот дневен весник La Stampa.

Бидејќи биткоинот од почетокот на годината вреди околу 100.000 долари, некои аналитичари очекуваат неговата вредност да се зголеми повеќе од двојно до крајот на оваа година.