Италијанска Intesa Sanpaolo купува удел во швајцарска банка

27

Италијанската банка Intesa Sanpaolo купува 69% од акциите на приватната банка Reyl&Cie од Швајцарија, соопштија двете банкарски групации.

Со оваа трансакција ќе биде формирана приватна банка со седиште во Женева, што ќе вработува околу 400 лица, ќе има акционерски капитал од околу 230 милиони евра.

Условите под коишто е потпишан договорот меѓу двете банки не се познати, а сега се чека одобрување од регулаторните тела.

Се очекува трансакцијата да биде целосно завршена во првата половина на следната година.

Фото: Facebook