Италијанската централна банка ја подигна проценката за економски раст

Италијанската економија оваа година ќе има пораст од 5%, проценува тамошната централна банка. Ова е зголемена проценка благодарение на подобрата епидемиолошка состојба и подобрите резултати во првото тримесечје.

Првичната оценка на банката била раст на италијанската економија за 4,4%. Според централната банка, Италија в 2022-ра година ќе има раст од 4,5%.

Проценките на банката за оваа година се нешто подобри од проценките на италијанската влада, којашто во април прогнозираше раст од 4,5%, а владината проценка за 2022-ра година е нешто повисока од централната банка и изнесува 4,8%.

Главни придвижувачи на растот и оваа и следната година ќе бидат инвестициите, кои што “значително ќе се зголемат“ благодарение на намалената неизвесност од пандемијата, ниските каматни стапки и проекти што се финансирани преку пари од европскиот фонд за закрепнување.

Фото: Freepik