Италијанската „Уникредит“ планира да го зголеми својот удел во „Комерцбанка“ на повеќе од 30 проценти

Италијанската банка „Уникредит“ денес официјално започна доброволна јавна понуда за размена на акции со германската „Комерцбанк“, со што нејзиниот удел во франкфуртската банка би се зголемил на повеќе од 30 проценти, но без да се започне целосно преземање.

„Уникредит“ веќе поседува околу 26 проценти од акциите на „Комерцбанка“ директно, додека поседува уште четири проценти преку финансиски инструмент познат како TRS (total return swap).

Конечниот паритет на размена во рамките на оваа понуда ќе го утврди германскиот регулатор „Бафин“ во наредните денови, врз основа на пондерираната просечна цена на акциите (VWAP) на „Уникредит“ и „Комерцбанка“ во текот на последните три месеци, објавува „Соле 24 Оре“.