Италијанскиот гигант Ламоне Мореда е победник на тендерот за изградба на катна гаража во центарот на Скопје

72

На тендерот, кој го објави Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, италијанската фирма ги победи останатите четири компании со тоа што понудила најниска цена за изградба на катната гаража од фантастични четири милиони евра.

Според деталите од тендерот, во рамките на катната гаража, покрај паркинг – места, предвидено е да има и деловен простор, но не е прецизирано колкав дел од катната гаража треба да биде задолжително за паркинг – места, а колку за деловни простории.