Италијанско катче отворено во библиотеката на меѓународното училиште Нова

70

italijansko-katche-vo-uchilishteto-nova-1

Во просториите на гимназијата Нова, во присуство на италијанскиот амбасадор, неговата екселенција Карло Ромео; културното аташе на италијанската амбасада, Кармелита Далесио; директорот на меѓународното училиште Нова, Виктор Новаковски; како и професорките по италијански јазик Соња Стојковиќ и Маја Грнчароска и нивните ученици, беше отворено италијанско катче во рамки на библиотеките на Нова.

Новото катче ќе го збогати книжниот фонд на библиотеките на основното и средното училиште за повеќе од педесетина наслови на италијански јазик.

Оваа донација, финансирана од министерството за надворешни работи на Италија, е продолжување на соработката помеѓу Нова, италијанската амбасада и институтот Данте Алигиери, со којшто од минатата година во оваа образовна институција почна да се изучува италијанскиот на ниво на мајчин јазик.

Сега учениците кои ја посетуваат наставата по италијански јазик ќе имаат можност да го продлабочат своето знаење преку достапноста до најновата литература.

Изучувањето на италијанскиот јазик во меѓународните училишта Нова се одвива според европските стандарди за изучување на јазиците, а воедно на сите ученици им се достапни и предметите по италијански јазик кои се во рамки на програмата по меѓународна матура – International Baccalaureate (IB).