IThink – првата ИТ академија за деца во Македонија

168

cover

Seavus едукативниот и развоен центар на 18 мај со почеток во 17.30 часот во своите простории, на настанот кој го носи името ‘Запознај се со IThink’ официјално ќе ја претстави програмата на првата ИТ академија за деца во земјата.

Ithink е замислена како прва воведна академија за технологија, која има основна цел да ја афирмира оваа гранка меѓу најмладите. Програмата која ќе ја понуди академијата претставува уникатен спој на повеќе области во технологијата, а ќе опфаќа шест модули, Започни со ИТ, Мистериите на интернетот, Ајде да дизајнираме, Забавно програмирање или кодирање и модулот насловен Сакаме роботи кој е основа на роботиката. Петте модули ќе бидат надополнети со еден модул Јас и другите, кој ќе биде испреплетен со носечките модули, а се однесува на комуникaциски развој и јакнење на самодовербата.

Ithink е проект на кој интезивно во последните неколку месеци работеше голем тим од SEDC, сè со цел доближување на ИТ индустријата и приказ пред децата на корисната страна на технологијата во секојдневието.
Подетално со програмата, условите за упис и динамиката на часовите децата и родителите ќе можат да се запознаат на промотивниот ден кој ќе се одржи следната среда (18.05). Во рамки на настанот ‘Запознај се со IThink’, тимот на SEDC ќе одржи и пробен час. Официјалниот старт на академијата ќе биде во септември оваа година.