Итни мерки против загадување на воздухот

45

aero-zagaduvanje-pixabay

Фото: Pixabay

Интервентната акциска група за координација на информациите и активностите за итни мерки во борбата против загадување на воздухот одржа состанок на којшто е донесена уредба што стапува на сила од 15-ти овој месец, стои во соопштението.

Доколку среднодневната концетрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два, наместо досегашните пет дена, е над 200 милиграми на метар кубен и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50% од бројот на поставени станици во било кое населено место, стапуваат на сила следните мерки:

Министерството за животна средина и министерството за здравство се должни да:

  • Ги ослободуваат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста,
  • Го реорганизираат работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот,
  • Ја спроведуваат забраната за одржува спортски натпревари и други манифестации на отворено,
  • Обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат следните мерки и активности:

  • Намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз,
  • Бесплатен јавен превоз,
  • Зголемена фреквенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации,
  • Дневно чистење на улиците и пешачките површини,
  • Да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла,
  • Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот,
  • Да издаваат одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот наутро.

Градежните компании имаат обврска:

  • Да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.),
  • Имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Државниот инспекторат за животна средина:

  • Да го следи ограничувањето на емисиите од Б-ИСКЗ, односно Б-Интегрирани еколошки дозволи, и помалите инсталации (Малите стопански капацитети),
  • Да ја зачести контролата на инсталациите кои што поседуваат А–ИСКЗ дозвола; Да се спроведат контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух, и истите ќе добијат и препорака да го намалат производството за 50%.

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе:

  • Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата)

Владата на Република Македонија: –

  • Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и ад во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила
  • Да обезбеди ограничување на работите на објектите каде што се гради

Владата , исто така, ја разгледува можноста за интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, маски со филтри за прочистување, како и за набавка на прочистувачи за воздух за училиштата, здравствените центри и градинките.