ИутеКредит ги објави неревидираните резултати за третиот квартал од 2020 година

154

ИутеКредит Европа (ICE), водечка европска институција за лични финансии, ги објавува неревидираните финансиски резултати заклучно со септември 2020.

  • Исплатата на кредити е зголемена како во периодот пред пандемијата со Ковид-19.
  • Активата е повторно во пораст со 97,5 милиони евра (II квартал/2020: 96,7 милиони евра)
  • Поголем број на издадени кредити за 21% во споредба со истиот период 2019 година,
  • Пад во главницата издадени кредити од 23% или 80,5 милиони евра наспроти 105 милиони евра истиот период минатат година.
  • Пораст во бруто кредитното портфолио за 5%, 96 милиони евра наспроти 92 милиони евра на 31.12.2019 година.
  • Пад во нето кредитното портфолио од 10%, 71 милион евра наспроти 79 милиони евра на 31.12.2020 година.
  • Пораст во вкупниот приход за 26%, односно вкупно 42, 3 милиони евра напроти 33,6 милиони евра во 2019 година.
  • Нето профитот за периодот е намален за 33% во споредба со минатата година и е 3,8 милиони евра наспроти 5,7 милиони евра за истиот период во 2019 година.

“ИутеКредит имаше успешен трет квартал од 2020 година. Како што беше предвидено во извештајот од првата половина на годината, продолживме со постојан раст и во третиот квартал. Со повеќе од 30 милиони евра исплатени во форма на кредити во текот на овој трет квартал, се вративме речиси на првичното пред-пандемиско ниво. Во исто време, продолживме со инвестирање и развој на нови технологии, кои се веќе активни на некои пазари. Во Република Молдавија веќе е активна апликацијата MyIute како и безкартичните банкомати со што се зголемува обемот на финансиските услуги и се зголемуваат приходите.

Одлуките кои ги донесовме во текот на март и април во очекување на економските последици на пандемијата, се покажаа како правилни. Нашиот фокус беше на задржувањето на паричниот тек, изнаоѓање начини да дознаееме какво е однесувањето на клиентите во овој период и продолжување на стратешкиот развој на нови технологии.

Сигурни сме дека и во текот на наредниот период ќе бидеме во можност да одговориме на економските случувања и на солвентноста на нашите клиенти. Со оглед на тековната состојба со пандемијата и мерките кои се превземаат за заштита на населението, предвидуваме постепен пораст на побарувачката на потрошувалки кредит до враќање во пред-пандемиска состојба.

Предвидувањата за последниот квартал се оптимистични. Очекуваме вкупните приходи и нето профитот и покрај неповолните пазарни услови, да бидат речиси колку минатогодинешните, односно 50 милиони евра и 70 милиони евра соодветно”, изјави Тармо Силд, извршен директор на ИутеКредит Европа.