
Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, денес изјави дека сегашниот систем за донесување одлуки на организацијата го забавува постигнувањето нови трговски договори и дека му е потребна реформа.
Како што објави Ројтерс, таа истакна дека е потребно да се промени начинот на донесување одлуки, кој се базира на консензус и кој во пракса значи едногласност на сите членови, и додаде дека сегашниот систем значително го забавува донесувањето одлуки.
„Мораме да го реформираме системот, не можеме да бидеме задоволни со постојната ситуација“, изјави Оконџо-Ивеала на прес-конференција во Ријад.












