Иво Санадер осуден на 10 години затвор

51

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е прогласен за виновен по првата точка од обвинението за примање поткуп од Hypo Banka и неправосилно е осуден на 10 години затвор.

Повеќе од една година, на поранешниот премиер му се суди по обвиненијата дека е воен профитер, затоа што во 1994 година како заменик министер за надворешни работи примил провизија од Hypo банка во износ од 3,6 милиони куни (478.000 евра) за да влезе на хрватскиот и регионалниот пазар и дека ги издал националните интереси примајќи поткуп од 10 милиони евра во замена за управувачките права на ИНА.

Денес треба да се изречат пет пресуди.

Судењето во Жупанискиот суд во Загреб го следат 60 медиумски куќи, а акредитирани се 300 новинари. Случајот го води судијата Иван Турудиќ.