Избор на претприемач на годината

24

Избор на претприемач на годината за 2014 се одржува по осми пат во Скопје.

На најуспешните претприемачи за микро и мали претпријатија ќе бидат доделени награди, а Министерството за економија ќе додели посебна парична награда за најиновативна компанија од технолошки аспект.

Изборот преприемач на годината го организира Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.