Избор на претприемач на годината

22

Во рамките на манифестацијата Претприемач на годината, Сојузот на стопански комори на Македонија денес ќе ги избере најдобрите претприемачи во земјава.

Како и минататите година така и оваа година, традиционално ќе бидат доделени прва и втора награда за најуспешни претприемачи во областа на микро претпријатија и прва и втора награда во областа на мали претпријатија.

Наградите се доделуваат според податоците што Координативното тело на Претприемач на годината ги добива од Централниот регистар на Република Македонија. За најдобри микро и мали претприемачи се сметаат оние, кои во последните три години од работењето имаат зголемување на бројот на вработените, постојан раст на приходите и добивката,  како и раст на инвестициите.

Оваа манифестација се одржува од 2007 година, по иницијатива на Сојузот на стопански комори. Целта на Претприемач на годината е да се наградат и да се промовираат успешните претприемачи во државава.