Избран кандидат за најпосакуваната работа во Хрватска

61

hr1

Со потпишување на договор во Загреб, започна со работа чуварот на трева – работа што многумина ја прогласија за најдобра во Хрватска. Платата од 990 евра за две недели седење на свеж воздух привлече многу кандидати дури и од регионот, но за чување на роботската косилка на Husqvarna е избран Зоран Станко.

Зоран Станко две недели ќе ја “чува” роботската косилка додека таа сама ја коси тревата. По струка е дипломиран политиколог и специјалист за надворешна политика и дипломатија, во слободно време алпинист, а ја победи конкуренцијата благодарение на познавањето на технологијата на роботската косилка, но и ненаметливиот смисол за хумор, стои во соопштението.

hr2

Станко ќе треба две недели да ја гледа роботската косилка Husqvarna како работи и преку социјалните мрежи и преку интеракција со луѓето да го промовира производот.

Husqvarna роботската косилка сама ја коси површината, а кога ќе ѝ се испразни батеријата, сама оди до полначот. Поради тоа што се работи за производ што не е толку познат во Хрватска колку што е во светот, Husqvarna се одлучи на овој необичен вид на промоција.

Станко е ангажиран од 29 јуни до 12 јули, на загрепски Јарун и ќе може да се следи на профилите на FB, Twitter и Instagram на компанијата.