Избрани нови претставници на ЕБОР за Македонија и Унгарија

21

4C17CD00554BC043A31524211133A47CЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) назначи нови претставници на канцелариите во Будимпешта и Скопје.

За претставник во Унгарија е назначена Елена Урумовска, поранешен претставник на резидентната канцеларија во Скопје. На нејзиното место доаѓа Ана Иоана Ионеску, која ќе ја превземе должноста на претставник за Македонија.

Пред да и се придружи на банката во 1999 Урумовска работела во Делојт и Туш и Комуна. Дипломирала на Економски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.

По завршувањето на кариерата во инвестициони и приватни компании за акционерски влогови во Романија и Шпанија, Ионеску се приклучува на банката во јануари 2011. Дипломирала на Академијата за економски студии во Букурешт и магистрирала на ХЕЦ Деловно училиште во Монтреал. Таа ќе ја превземе новата должност од 1 јули 2013.