Избрани правните лица кои ќе ги обучуваат енергетските контролори

41

Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори.
Одлуката за нивниот избор е објавена на веб страната на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, а е во согласност со Програмата за обука и полагање на испит за енергетски контролори. Реализацијата на првата обука треба да започне најдоцна за 60 дена.
Јавниот повик за избор на правни лица за спроведување на обуки и полагање на испити за енергетски контролори, Агенцијата го објави на 6 декември 2013 година.