Избрано раководството на новиот црногорски авиопревозник

11

Црногорската влада го именуваше Преград Тодоровиќ за извршен директор на новата национална авиокомпанија ToMontenegro, објави министерот за финансии, Милојко Спајиќ.

“Избрано раководството на новата национална авиокомпанија – одлични биографии и меритократија се гарант за успех. Го враќаме црногорскиот памет од светот – Предраг Тодоровиќ, CEO на новата компанија, како и останатите членови на тимот до летово повторно ќе ја направат Црна Гора достапна. ToMontenegro“, напиша Спајиќ.

Тодоровиќ имал над 10 години експертско и консултантско искуство во европската авијација. Осум години работел на раководни позиции во Pro Sky France, компанија што изнајмува авиони за целиот свет, а претходно две години работел во компанијата CitizenPlanе. Исто така, учествувал во формирање на француското претставништво на Air Broker. Тодоровиќ, како што наведуваат црногорските медиуми, има две магистратури и зборува четири странски јазици.

“Одбраните кандидати во текот на својата кариера покривале најодговорни позиции во компаниите каде што работеле. Важно е да се нагласи дека сите доаѓаат од различни сектори, имаат различни образовни квалификации, што ќе биде од посебно значење за понатамошен развој на новиот национален авиопревозник“, соопштуваат од црногорското министерство за финансии.

Фото: Facebook