Во периодот јули – декември минатата година се издадени 14 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1.688.518.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за употреба, 10 или 71,4% од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба и четири т.е. 28,6% за објекти од нискоградба.
Од вкупно 14 објекти, на шест односно 42,9% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на осум објекти или 57,1% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период се издадени одобренија за употреба на 54 станови со вкупна површина од 3.630 метри квадратни.