Издадени 22 одобренија за употреба на објекти во 2015 година

34

Во текот на 2015 година се издадени 22 одобренија за употреба на објекти од прва категорија, а проценетата вредност на објектите изнесува 3.960.410.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за употреба, 11 (50%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба и 11 (50%) за објекти од нискоградба.

Од вкупно 22 објекти, на 2 (9,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 20 објекти (90,9%) инвеститори се деловни субјекти.