Издадени 75 одобренија за употреба на градежни објекти

29

adora1Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2013 издадени се 75 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 964 388 илјади денари.

Според издадените одобренија за употреба, 62 (82.7%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, 9 (12.0%) за објекти од нискоградба и 4 (5.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 75 објекти, на 53 (70.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 22 објекти (29.3%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период издадена е употреба на 94 станови со вкупна површина од 8141м2.