Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци, денеска го промовираше проектот за изградба на мала хидроцентрала на реката Коњарка, која се наоѓа во мариовското село Скочивир.
За реализација на овој капитален проект, пропишани се задолжнителни процедури за влијанието врз животната средина.
“Хидроелектричната централа на реката Коњарка ќе биде втор објект на оваа река. Како општина сме заинтересирани за брза реализација на проектот и затоа се што е во надлежност на локалната самоуправа, документација и согласности ќе ги обезбедиме навремено за инвеститорите побрзо да пристигнат во нашата општина”, рече градоначалникот Котевски.
Како првата, така и втората хидроцентрала ќе биде изградена според утврдени стандарди без негативно влијание врз квалитетот на водата за пиење која ја користи локалното население.