Изгубен паричник по 53 години си го пронајде сопственикот

29
The brown isolated leather pocket with the white background

Паричникот на Пол Гришам, 91-годишен поранешен воен метеоролог од Сан Диего, му е вратен откако по 53 години го изгубил на Антарктикот.

“Бев шокиран“, рекол Гришам откако го имал својот стар паричник во рацете.

Тој го изгубил паричникот во текот на 60-тите години на минатиот век, кога бил на 13-месечна мисија како воен метеоролог на најстудениот континент на планетата.

Во паричникот имало лична карта, возачка дозвола, потсетник во случај што да направи во случај на атомски, хемиски или биолошки напад, бонови за пиво, даночна пријава и сметки.

Гришам, роден во Аризона, на Антарктикот бил испратен во 1967-ма година во рамки на операцијата Deep Freeze. Тогаш бил женет и татко на две деца.

Во пронаоѓање на сопственикот на изгубениот паричник учествувале повеќе луѓе кои дошле до Граѓам преку размена на електронски пораки и писма.

Фото: Freepik