Изгуби 15 милијарди долари и веќе не е најбогат на планетата

34

Основачот на Tesla, Илон Маск ја загуби титулата најбогат во светот поради пад на вредноста на акциите на неговата компанија, што се главен извор на неговото богатство.

Акциите на Tesla, како што пишува ВВС, загубија 20% од вредноста во однос на јауари, кога чинеа 880 долари. Голем пад е регистриран оваа недела, откако компанијата одлучи да инвестира 1,5 милијарди долари во биткоини. Падот на акциите на Tesla следеше по огромниот раст минатата година, кога акциите скокнаа од 90 на над 700 долари.

Поради тоа, Маск во јануари стана најбогат на планетата, оставајќи го основачот на Amazon, Џеф Безос на второ место.

Овој пат од падот на вредноста на акциите се “избришани“ околу 15 милијарди долари од богатството на Маск.

Фото: Pexels