Излегувањето од ЦЕФТА Хрватска ќе го плати со 4.000 работни места

42

krasСо влегувањето во ЕУ, на хрватските произведувачи ќе им се отвори нов пазар со 500 милиони потрошувачи. Но, ќе треба да поминат години, многу маркетинг и пари за на овој пазар хрватските производи да станат познати и прифатени. Од друга страна, на хрватскиот пазар од 1 јули ќе стигаат конкурентни производи од европскиот пазар, додека во исто време мора да се затвори вратата кон помалиот пазар на ЦЕФТА, од само 27 милиони потрошувачи, но пазар од кој Хрватска најмногу заработува, пишува Нови лист.

На пазарите во БиХ, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Молдавија, најголемите хрватски извозни пазари, производите од оваа земја поради воведување на високи царини или зголемување на постоечките ќе станат поскапи, а со тоа и неконкурентни. Затоа се повеќе хрватски производители најавуваат преселување на дел, а некои и на цели погони во овие држави. Според предвидувањето на хрватските економисти, тоа на Хрватска ќе и донесе пад на БДП од 0,4% само во оваа година, но и загуба на неколку илјади работни места. Проекциите говорат за три до четири илјади работни места.

Селење на дел или на целото производство веќе најавија Дукат, Гавриловиќ, Краш, се чека одлуката на Адрис, додека оние кои веќе имаат свои погони во регионот, како Агрокор, Виндија, Франк или Атлантик, планираат проширување на производните капацитети. Ова сигурно е добра вест за работниците во БиХ или Србија, но лоша вест за хрватските работници, на кои излегувањето од ЦЕФТА ќе им донесе стоење во ред пред заводот за вработување, заклучува Нови лист.

Но, од Хрватска нема да заминат само домашните компании, туку и странските кои таму имаат погони. Една од нив е мултинационалниот концерн Свислион, кој дел од производството планира од Сисак да го пресели во Требиње, БиХ.