Првиот автобус направен во соработка на Мерцедес и Икарбус, излезе вчера од фабриката во Земун. Знакот на овој германски автомобилски гигант симболично на новиот автобус го постави првиот потпретседател на српската влада Александар Вучиќ, јавуваат српските медиуми.
Новата серија на соло автобусите на Икарбус е развиена на шасија на Мерцедес. Станува збор за полу – нископоден градски автобус, со капацитет од 100 патници, со 35 седишта. На автобусот има надворешни камери и дисплеј за патниците во внатрешноста.
Автобусот чини 135.000 евра и ќе се продава на подрачјето на цела југоисточна Европа.
Повеќе фотографии на порталот Beobuild.