Измама од 122 милиони долари: Праќал лажни сметки, Google и Facebook ги плаќале

206

Евалдас Римасаускас (50) е човекот кој ги измамил Google и Facebook за 122 милиони долари, едноставно испраќајќи им случајни сметки, што компаниите ги плаќале.

Според Break, “тој смислил очигледна шема за да украде 100 милиони долари од американски компании, а потоа ги пренасочил тие средства на банкарски сметки низ целиот свет“.

Се вели дека тој бил вклучен во водење компанија која контролирала неколку банкарски сметки во Летонија и Кипар.

Тој и неименувани соработници се претставувале како Quanta Computer, хардверска компанија со седиште во Тајван, која работела со Google и Facebook.

Тие праќале лажни сметки до технолошките гиганти од Калифорнија, а сметките очигледно биле доволно добри за да го убедат Google, кој е во сопственост на Алфабет, и Facebook, да платат вкупно повеќе од 100 милиони долари од 2013 до 2015 година, според Министерството за Правда на САД.