Измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза

161

Согласно Одлуката на Одборот на директори за измени и дополнувања на Правилата за котација бр.02-1611/1 од 20.12.2018 година и Решението на Комисијата за хартии од вредност бр. УП1 08-106 од 18.01.2019 година за давање согласност на истата, почнувајќи од 18.02.2019 година почнуваат да важат измените и дополнувањата на Правилата за котација на Македонска берза.

Измените и дополнувањата се однесуваат на следните три пункта: допрецизирање на одредбите во однос на известувања за престанок на воспоставено заложно право, уточнување на терминологијата во делот за известувања за големи зделки во согласност со Законот за трговски друштва и иновирање на одредбите поврзани со објавување на финансиски план на друштвото или објавување на известување со образложение зошто не е извршено објавување на финансискиот план.

Пречистениот текст на Правилата за котација на берзата ќе биде објавен на интернет страницата на берзата, во делот Регулатива/Акти на берзата/Правила за котација.